ИЗВЕДЕНИ ДОКАЗИТЕ НА ОДБРАНАТА – ВИДЕО ЗАПИСИ И ФОТО ФАЈЛОВИ

Денешното рочиште за случајот “Насилство во Општина Центар”, кое го води Судијата Душан Јосифов започна со задоцнување од 25 минути, иако сите странки беа на време пристигнати во Кривичниот Суд, вклучувајќи го и обвинетиот Миле Јанакиески кој беше спроведен од куќен притвор до кривичниот суд.

На денешното рочиште беа изведени доказите на одбраната : 11 видео записи од 4 телевизиски куќи.
Четири од Телма тв, три од Канал 5 тв, три од Мтв 1 и еден видео запис од Алфа тв.

Изведени беа и фото фајлови (скриншот) од различни портали и фб објави вкупно осум на број.

При изведувањето на доказите на одбраната, дел од обвинетите меѓу која и обвинетата пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова која користеше дури 2 мобилни телефони во текот на целото рочиште.

Иако беше во првиот ред пред самиот Судечки Совет предводен од Судијата Душан Јосифов, таа и останатите воопшто не беа предупредени за таквото однесување и непочитување кон судот.

Од мониторингот на Зелена Лупа, често пати информираме за ваквиот однос на обвинетите кон судот.
За жал непочитувањето од страна на обвинетите кон судот како во овој случај, често пати го има и во другите случаи врз кои вршиме мониторинг.

Во некои предмети се бележи подобрување и постапување на Судиите кон ваквите чести појави, додека за жал во некои предмети буквално “СЕ ЗАМИЖУВА” и воопшто не се опоменува.

Обвинетите се должни да го почитуваат судот и истите да го почитуваат редот и мирот во судницата, посебно кога се изведуваат докази кои се во нивна одбрана.

Во овој случај вкупно обвинети се 14 лица, меѓу кои и “азилантот” Никола Груевски, Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова.
Тие се обвинети за насилството пред Општина Центар во јуни 2013 година.

Следното рочиште е закажано за 19.04.2019 во 10 часот, на кое ќе се изведуваат писмени докази на одбраната и ќе се сослушуваат четворица Советници

Leave a Reply