Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на НВО „Зелена лупа“ Цветанов

Претседателот Стево Пендаровски на 2 јули 2019 година, се сретна со Ване Цветанов, претседател на граѓанската организација „Зелена лупа“, која работи на владеење на правото, интегритет и функционалност на институциите и борбата против корупцијата.

На состанокот Цветанов го информираше Претседателот Пендаровски за тековните програми на организацијата и нивниот стратешки план за работа на активности за поддршка на фер третман на граѓаните од страна на правосудните органи во земјата.Претседателот Пендаровски ја истакна својата поддршка за владеење на правото во Република Северна Македонија, како и поддршка за соработката на државните институции со граѓанскиот сектор во оваа област и повтори дека неговиот Кабинет останува отворен за граѓанските организации.