Анализи

istrazuvanja 5

Секој поединец треба да знае дека е дел од општеството и лично влијае на состојбата. Доколку јавниот интерес стане приоритет на секој поединец, ќе се создаде клима за враќање на вистинските вредности и почитување на стандардите. Секој поединец треба да разбере дека ТОЈ ЛИЧНО ги бира политичарите, и дека ТОЈ ЛИЧНО има право да бара конкретни мерки за подобрување на состојбите.

Нашите анализи имаат за цел да ги предочат конкретните проблеми од областа на корупцијата, организираниот криминал и правосудството, за граѓаните да ги кренат стандардите и барањата кон политичарите, а со тоа да дадеме скромен допринос во нормализирањето на состојбите во државата.
Анализите ги правиме преку прибирање на конкретни податци од областите кои се тема на анализа и прецизирање на аномалиите во институцијата која што е предмет на анализа.

Прибраните информации од истражувањата ги анализираме, водиме статистики, спроведуваме дополнителни мерења, изготвуваме компаративни анализи со примери од други држави, со цел да постигнеме квалитетна анализа на состојбата која на крај се формулира како извештај од анализата.

Изготвените анализи, преку најразлични медимски алатки ги предочуваме на јавноста.

Нашите анализи содржат:

  • Детектирани причини за нефункционалноста на институцијата која што е предмет на анализа
  • Лоцирани критични точки во работата институцијата од аспект на слабости во легислативата или од аспекти на непочитување на постоечката легислатива
  • Предочување на потребата од подобрување на состојбата

За да се врати довербата во работата на институциите се потребни анализи кои ќе бидат правени преку конкретни примери. Пронајдените слабости и факти ќе бидат предочени на јавноста, за да се крене јавната свест од потребата за подобрување на системот.

civica grey

transparency95 g

RO KN Banner gr

 

Донатори, партнери и соработници

civica grey 
transparency95 g
 
RO KN Banner gr

Ние на социјалните мрежи

Придружете ни се на:  facebook11g  twitter11g  youtube11g

Контакт

Зелена ЛУПА - Скопје

building ул. Гоце Делчев бр.14 кат 3

phone 02 / 60 90 124

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

clock Понеделник-Петок: 09:00 до 17:00 часот

Локација