Новости

Одредени обвинети во случајот "27-ми април" ВРШЕЛЕ ПРИТИСОК ВРЗ СВЕДОЦИТЕ?

Пред сослушувањето на сведоците, Судиката Добрила Кацарска, ги предупреди сите обвинети да не ги вознемируваат сведоците, бидејќи им вртеле на телефони и барале средби со истите, и им кажувале што да кажат во суд.. Според Судот, обвинетите вршеле директен притисок врз сведоците, известува од судењето набљудувачот на Зелена лупа.

Според мислењето на Експерти кои ги консултираше Зелена лупа, ваквото однесување, согласно Законот за кривична постапка, е основ, Јавното Обвинителство да побара построги мерки на претпазливост, вклучително и мерка притвор

bdjbvfksdgnvdlcfnjgbmfl

Листа на Судии за кои е прифатена иницијативата за одговорност од работата на истите од судскиот совет :

 Апелационен суд Скопје :

1) Лиљана Ивановска Шопова 

2) Цветанка Периќ

3) Сафет Кадриу 

Врховен Суд на Република Македонија 

1) Јово Вангеловски 

2) Џемаили Сеити

3) Рахилка Стојковска 

4) Ристо Катавеновски

5) Фаик Арслани 

6) Васил Грчев

7) Киро Здравев

На ден 24.05.2018, во Измир, Република Турција, Здружението Зелена лупа потпиша меморандум за соработка со Здружението за култура и помош на иселените Турци од Македонија.
Меморандумот го потпишаа претседателите на двете Здруженија, Ване Цветанов и Шабан Јапарк.
Во меморандумот двете здруженија се согласуваат на соработка и меѓусебно помагање во делот на остварување на човековите права. Граѓани на РМ ќе можат да побараат правна помош во канцелариите на Здружението за култура и помош на иселените Турци од Македонија во Измир, а граѓани на Република Турција ќе можат да бараат помош во канцелариите на Здружение Зелена лупа во Скопје.



Денеска, 15.05.2018 со почеток од 12 часот, во салата на Даре Џамбаз, се одржа трибина со граѓани кои се жртви на предолги судски постапки, кои што траат по повеже од 10 или 15 години.


Настанот беше во рамките на проектот “Судењето во разумен рок е ПРАВО а не привилегија – ајде да го почитуваме!“, кој што е финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија.
На настанот присуствуваа граѓани, Експерти, Адвокати, и Н.Е Амбасадорот на Кралството Холандија. На настанот беше реферирано дека со финансиска подршка од амбасадата, преку Зелена лупа, со договори за стратешко застапување беа поднесени 50 барања за судење за разумен рок, до Врховниот суд на РМ.


Поднесените барања се однесуваат на различни видови на судски постапки: 
- 22 барања за предмети поврзани со стечајни постапки;
- 9 барања за управни постапки;
- 3 барања за работни спорови;
- 3 барања за парнични постапки;
- 13 барања за кривични постапки;

Беше заклучено дека:
1. Врховниот суд на РМ, не одговара навремено на поднесените барања, не само за поднесените 50 барања преку Зелена лупа, туку и за останати 150 предмети, кои се под мониторинг од страна на Граѓанската организација.
2. Врховниот суд нема критериуми и методологија при одлучувањата за поднесените барања за судење во разумен рок. Одлуките се неконзистентни и контрадикторни. За исти случај, на еден граѓанин досудува еден износ на штета а на друг граѓанин досудива сосема друга сума за обесштетување. Имаме и случаи каде за еден исти предмет судот прифаќа поднесено барање за судење во разумен рок и досудува штета за еден граѓанин, а за истиот предмет судот го одбива барањето поднесено од друг граѓанин а за истиот основ.
3. Врховен суд многу ретко дава задолжувања со временски рокови кон судиите од пониските судови – со цел решавање на предметите.
4. Врховниот суд воопшто не врши мониторинг на понатамошниот тек на предметите за кои веќе досудил штети за предолги судски постапки, и каде што дал временски рокови за решавање на истите.
5. Врховниот суд не побарал одговорност од ниту еден судија за направените штети заради предолгите постапки, дури и во случаите каде што државата плаќа оштети, судиите се незасегнати.
6. Врховниот суд досега не поднел ниту една информација или иницијатива за одгтоворност на судија до Судски совет на РМ.
Одовде, генералниот заклучок е дека главниот виновник за невладеењето на правото во делот на предолгите судски постапки е токму врховниот суд на РМ.
По завршувањето на сите анализи, и после јавната дебата која што ќе се одржи после 15-ти јуни, Зелена лупа ќе поднесе иницијативи за одговорност за Претседателот на Врховен суд, и останатите инволвирани судии, до Судскиот совет на РМ.


Судењето во разумен рок е ПРАВО, а не привилегија!
Судењето во разумен рок мора да се почитува!

 

 

civica grey

transparency95 g

RO KN Banner gr

 

Донатори, партнери и соработници

civica grey 
transparency95 g
 
RO KN Banner gr

Ние на социјалните мрежи

Придружете ни се на:  facebook11g  twitter11g  youtube11g

Контакт

Зелена ЛУПА - Скопје

building ул. Гоце Делчев бр.14 кат 3

phone 02 / 60 90 124

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

clock Понеделник-Петок: 09:00 до 17:00 часот

Локација