Зелена ЛУПА - со логистичка подршка на активностите на Комитетот.

Здружението Зелена ЛУПА Скопје, од самиот почеток целосно ги подржува сите активности на Комитетот за заштита на правата. Претседателот на Здружението, Господинот Ване Цветанов беше назначен за Координатор на иницијативата на граѓани Комитет за заштита на правата. Комитетот го сочинуваат граѓани кои се чувствуваат за жртви на правосудниот систем во кривични постапки. Лица кои што биле притварани, затварани и осудувани без никакви докази, а нивната единствена вина е што во некој момент се спротиставиле на некого од власта.

Комитетот за заштита на правата е првиот конкретен резултат од нашата работа и јавно се заблагодаруваме на донаторите и партнерите кои што ни овозможија услови, но пред се се заблагодаруваме на сите членови и активисти на Комитетот за заштита на правата кои собраа храброст и доблест да се активираат преку граѓански активизам во овие тешки и важни времиња за нашата држава.

Зелена ЛУПА дава целосна логистичка подршка на активностите на Комитетот. Административната и канцелариската подршка е покриена преку проектите каде што учествува или е носител нашето здружение.

 

Донатори, партнери и соработници: