Ајде да спасиме судбини

Август – Ноември 2016/  –  Финансиран од Цивика Мобилитас

Зелена лупа започна со реализација на проектот – акцијата Ајде да спасиме судбини, кој што беше финансиран од програмата на Цивика мобилитас со времетраење од 4 месеци. Акцијата се однесуваше на кревање на свеста кај судиите со цел намалување на степенот на злоупотреби при изрекување на меркта притвор. За време на акцијата беа организирани 4 пресконференции, 2 гостувања на националните телевизии и за потребите на истата беше спроведена ФБ кампања. Од страна на Зелена лупа беа поднесени 20 барања за замена на притворот со друга алтернативна мерка. По завршувањето на акцијата, бројот на притворени лица од јули 2016 кој беше 278, се намали на 188 во месец ноември 2016.