Да ја вратиме довербата во Судовите – ПРАВДА ЗА СЕКОГО

2017/ 12 месеци –  Финансиран од Цивика Мобилитас

Во месец мај 2017 година, Зелена Лупа започна со реализација на проектот “Да ја вратиме довербата во Судовите – ПРАВДА ЗА СЕКОГО” спонзориран од Цивика Мобилитас. Општа цел, Зголемување на довербата во судството и афирмирање на механизмот – можноста за поднесување на иницијативи за одговорност на судии до Советот за утврдување на факти и одговорност на судии и до Судски совет на РСМ. Беа поднесени 50 иницијативи до Советот за утврдување на факти за одговорност на судии. По укинување на Советот за утврдување на факти и одговорност на судии надлежноста ја презеде Судскиот Совет кој досега покрена  постапка за одговорност против 8 судии од кои тројца судии се разрешени меѓу кој и претседателот на Врховниот суд, за другите судии сеуште не е свикана седница,отфрлени се постапките против16 судии а за останатите иницијативи немаме одговор ипосле 2 години а тоа кажува колку е одговорен Судскиот Совет.  Проектот ја крена свеста кај граѓаните и започна процес во кој што граѓаните сами поднесуваат иницијативи за одговорност на судии во постапки каде сметаат дека се неправедно осудени.