Нашата визија е дека Република Северна Македонија може да биде пристојно место за живеење, за секој граѓанин на оваа земја, без разлика на неговата национална, верска, политичка, родова, сексуална, социјална или било кој вид на припадност. Владеењето на правото ќе биде на степен кој гарантира правда и правичност за секого, дискриминацијата ќе биде сведена на нула, со што ќе се смени вредносниот систем до степен – НИТУ ЕДЕН ГРАЃАНИН ДА НЕМА ПОТРЕБА ИЛИ МОТИВ ДА СТАНЕ ЧЛЕН НА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЗАРАДИ ОСТВАРУВАЊЕ НА НЕКОЕ СВОЕ ПРАВО. Можеме да изградиме општество за сите, во кое што никој нема да има потреба од било каква привилегија која во моментов се бара преку членување во политички партии. Република Северна Македонија да биде држава во која што ќе владее неселективна правда, во која што законите ќе се почитуваат максимално, а криминалот и корупцијата ќе бидат неисплатливи. Нашата визија е државата да стане членка на НАТО и ЕУ, граѓаните да се занимаваат со теми поврзани со секојдневната работа која што им носи благосостојба, разговараат за култура и спорт, а не ги интересира политика и не ги знаат политичарите, затоа што би немале потреба и интерес од нив.