ПРАВЕН СТАВ ПО ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА МЕРКАТА ПРИТВОР ЗА СЈО
Во основната одредба ( Чл. 1 став 2) од Законот за јавен обвинител за гонење на кривични дела кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникации , е пропишано: " ЗА СЕ ШТО НЕ Е ПРОПИШАНО СО ОВОЈ ЗАКОН, ЌЕ СЕ ПРИМЕНУВА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО И ОСТАНАТИТЕ ЗАКОНСКИ ПРОПИСИ ВО РМ.
Гласајќи го овој закон со двотретинско мнозинство во Собранието,пратениците од сите партии застапени во тој состав, преку оваа одредба, дале легитимитет и законско овластување,за неуредените прашање ,во погоре цитираниот Закон, да се применува Законот за ЈО и други закони,соодветни за прашањето кое треба да се реши.
Со определувањето на мерката притвор за СЈО, автоматски не престанува мандатот на притворената обинителка.И за неа важи ПРЕЗУМЦИЈАТА НА НЕВИНОСТ,како и за секој граѓанин.
Нејзиниот мандат е временски определен,што не значи дека со примена на
одредбите на ЗЈО, дека неможе да се поведе предвреме постапка за Престанок или разрешување на јавен обвинител
Сега СЈО , има статус на ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ВО ПРИТВОР,а правна последица од тој статус е законско оддалечување од функцијата (чл.60 ст 1 од ЗЈО,популарно суспензија)
Со констатираната спреченост за вршење на функцијата (поради притвор на јавен обвинител),Советот на Јавни обвинители треба да одлучува во рамките своите законски надлежности.
Притоа од важност е дека донесува одлука од привремен карактер , согласно својата пракса.
Милка Ристова
Врховен Судија во пензија
Експерт за кривично право ... See more