Photos from Зелена ЛУПА Скопје's post Почитувани,
Зелена лупа Ве информира дека доби писмен документ од обвинетиот Миле Јанакиевски, во која што се жали за кршењето на неговите основни човекови права.
Зелена лупа ќе го разгледа документот и за истиот ќе испрати допис до Основен Суд Скопје 1 - Скопје.
Потсетуваме,
дека нашата заложба е придонес во создавање на правен систем, кој што ќе овозможи правични судски постапки, во кои правото на одбрана, како и правото на подготовка на одбраната, мора да биде овозможено на секого.
Без разлика за кого се работи, во судските постапки, од страна на Судот, мора да се почитува презумпцијата на невиност за секого, како и сите права на обвинетите предвидени во домашното законодавство и меѓународните конвенции. Вклучително и правото на подготовка на одбрана.
Во конкретниов случај, според нашите првични проверки, 57 рочишта за 85 дена, за различни предмети, е прекраток период за исполнување на правото за подготовка на одбрана.
Судовите мора да воспостават механизми за овозможување на правични судења, СО ЦЕЛ ДА ПОМОГНАТ НА ДРЖАВАТА ВО ЕУ и НАТО интегративните процеси. Ваквите случаи може да бидат нотирани во негативен контекст од меѓународната заедница и да и наштетат на државата.
По детално разгледување на документот, дополнително ќе информираме.
Со почит,
Зелена лупа ... See more