ОРГАНИЗАЦИЈА

Огранизациска структура

Организациската структура на Зелена Лупа е базирана согласно законот за здруженија на граѓани и фондации со следните органи:

СОБРАНИЕ – 25 члена

УПРАВЕН ОДБОР – 7 члена

НАДЗОРЕН ОДБОР – 3 члена

ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР – Васко Тодоровски

ПРЕТСЕДАТЕЛ – Катарина Митева

Одговорности на проектниот персонал вклучени во проекти:

Координатор на проектот:  Го координира спроведувањето на проектните активности.

Проектен асистент:  Помага во спроведувањето на проектните активности

Финансиски менаџер:  Се грижи за одржување на финансиски активности и потврда за извештаите.

Клучни правни експерти кои ќе се грижат за сите правни прашања и анализи: (За потребите на досегашните и тековните проекти)

– Бранко Секуловски – професор по правни науки, судија во пензија

– Георги Настевски – поранешен главен обвинител на Град Скопје

– Филип Медарски – адвокат

– Иле Танев – поранешен судија, сегашен адвокат

– Зоран Гавриловски – адвокат за човекови права

– Нетка Ковачева – надворешен експерт/адвокат

Волонтери

Сите членови на собранието и управниот одбор кои не се платени во реализацијата на проектни активности работат како волонтери во здружението и истите се експерти во повеќе области. Во здружението често се нудат за работа како волонтери и граѓани од целните групи, адвокати и експерти од повеќе области како и студенти и други млади лица.

  1. Катарина Митева, претседател (e-mail: k_babulova@yahoo.com, тел: + 389 76 477 767)
  2. Васко Тодоровски, извршен директор (e-mail: vaskobrasil@hotmail.com, тел: +389 70 341 655)
  3. Марија Пановска, соработник на проекти (e-mail: panovskam93@gmail.com, тел: +389 71 398 549)
  4. Мирјана Костадиновска, соработник на проекти (e-mail: mirjana.brangjolica@yahoo.com, тел: +389 70 382 626)
  5. Наташа Бабулова Ангелеска, соработник на проекти (e-mail: natasa.angeleska78@gmail.com, тел: +389 76 433 700)

ПРВ СОСТАВ НА УПРАВЕН ОДБОР НА ЗЕЛЕНА ЛУПА (2015-2019)

  1. Ване Цветанов – претседател на Управен одбор
  2. Драган Томовски – член
  3. Марјан Поповски – член
  4. Филип Ѓурчиновски – член
  5. Зоран Гавриловски – член
  6. Бедри Ајдари – член

ВТОР СОСТАВ НА УПРАВЕН ОДБОР НА ЗЕЛЕНА ЛУПА

  1. Катарина Митева – претседател на Управен одбор
  2. Драган Томовски – член
  3. Марјан Поповски – член
  4. Филип Ѓурчиновски – член
  5. Зоран Гавриловски – член
  6. Бедри Ајдари – член
  7. Васко Павловски – член

Врз основа на член 16 од Законот за здруженија и фондации (Сл. Весник на РМ бр.52/10; 135/ 1 1 и 55/ 16) и Одлуката донесена на Собранието на Здружение за истражувања, анализи и развој ЗЕЛЕНА ЛУПА Скопје, на ден 05.1 1.2019 година го донесоа следниот:

С Т А Т У Т

на Здружение за истражувања, анализи и развој ЗЕЛЕНА ЛУПА Скопје

(пречистен текст)

УВОДНИ ОДРЕДБИ

Со овој статут се утврдуваат целите и задачите на Здружение за истражувања, анализи и развој ЗЕЛЕНА ЛУПА Скопје, формата на здружување и внатрешната организација и органите, називот и седиштето, условите и начинот на зачленување и престанок на членството, правата, обврските и одговорностите на членовите на здружението, застапување и претставување на здружението, финансирањето, начинот за измени и дополнувања на статутот, и престанок на здружението.

  1. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Здружение за истражувања, анализи и развој ЗЕЛЕНА ЛУПА Скопје е здружение во кое што по доброволна основа се здружуваат и членуваат граѓани кои имаат интерес за состојбите во институциите, функционирањето на правото, истражување на злоупотреби на законите, и нудење на соодветни применливи решенија со цел подобрување на животот во државата. Во здружението членуваат и граѓани кои имаат висок степен на интерес за подигање на еколошката свест во државата.

Називот на здружението гласи: Здружение за истражувања, анализи и развој

ЗЕЛЕНА ЛУПА Скопје

Краткиот назив на здружението гласи: ЗЕЛЕНА ЛУПА Скопје

Седиштето на здружението е на ул. МОСТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” бр. 14, Скопје – Центар.

Контакт е-mail на здружението е : info@zelenalupa.mk

Член 2

Здружение за истражувања, анализи и развој ЗЕЛЕНА ЛУПА Скопје е доброволно, непрофитно здружение и е политичко-партиски и религиозно независно.

Член 3

Здружение за истражувања, анализи и развој ЗЕЛЕНА ЛУПА Скопје има својство на правно лице и во правниот промет настапува во свое име и за своја сметка

ПЕЧАТ И ШТЕМБИЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 4

Здружението има свој печат и штембил.

Печатот на здружениетот е во овална форма на кирилично писмо и во него е впишан

текстот: Здружение за истражувања, анализи и развој ЗЕЛЕНА ЛУПА Скопје

Штембнлот има форма на правоаголник, во кој со кирилица е впишано Здружение за истражувања, анализи и развој ЗЕЛЕНА ЛУПА Скопје “, број и празен ред за впишување на бројот, дата, Скопје.

Здружението делува на територијата на Република Македонија.

ЗАКОН ЗА ЗДРУЖЕНИЈА И ФОНДАЦИИ

Член 5

Здружението е оформено и работи согласно Уставот и законите на Република Македонија, особено вклучувајќи го Законот за здруженија и фондации.

Член 6

По усвојувањето на Актот за основање и овој статут од страна на собранието на

здружението, ова здружение претставува правно лице од денот кога е регистрирано во

Регистарот на други правни лица при Централниот регистар на РМ.

ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 7

Здружението го претставува и застапува Претседателот кој може да го пренесе

потписничкото овластување на:

А) Потпретседателот

Б) Раководител на проект во областа на оперативните прашања врзани за реализација на проектот.

Пренесувањето на овластувањето е отповикливо во секој момент.

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

Член 8

Цели на Здружението

– Владеење на правото и развој на демократијата во Република Северна Македонја

– Развој на системот за пробација на национално и локално ниво

– Борба против тортура и корупцијата во затворите и придонес во исполнувањето на меѓународните препораки и стандарди во оваа област

– Мониторинг на судството и обвинителството

– Подобрување на транспарентноста на државните институции

– Зголемување на свеста и одговорноста кон општеството на државните институции

– Утврдување на сомненија за одговорност на судии и обвинители и поднесување на

иницијативи до надлежните органи

– Унапредување на институтот судење во разумен рок во согласност со

меѓународното конвенции и исполнување на препораките од ЕУ во оваа област

– Зајакнување на еколошката свест на национално и локално ниво

– Давање на претходна правна помош

Член 9

Задачи на здружението:

– Мониторирање на работењето на институциите, анализи, лоцирање на

неправилностите и нивно објавување во јавноста.

– Изготвување на анализи, изработка на проекти, спроведување на длабински

истражувања поврзани со работата на државните институции.

– Учество во проекти поврзани со екологијата на државно ниво.

– Изработка на анализи за еколошките состојби во државата.

– Учество во заеднички проекти за подобрување на екологијата со централните и

локалните власти.

ПРИНЦИП НА ОРГАНИЗИРАНЈЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 10

Здружението се организира според територијален принцип, на ниво на клубови во

Република Македонија.

Здружението врши координација на активностите и работите од заеднишси интерес на

Сите.

Клубовите и комисиите може да имаат своја потсметка за наменски потреби, за која што

сметка, одлука донесува Управниот одбор на Здружението.

Материјалното и финансиското работење се врши согласно со законските прописи, а благајникот ја води касата на здружението и ги врши другите работи определени со

законските прописи.

КРИТЕРИУМ ЗА ЧЛЕНСТВО

Член 11

Член на здружението може да биде секој граѓанин – државјанин на Република Северна Македонија и странски државјанин без оглед на полот, расата етничката, верската, политичката припадност и социјалниот стасус.

Член 12

Зачленувањето се врши со доброволно потпишување на писмена изјава – Пристапница до

Управниот одбор на Здружението со издавање членска картичка која при исклучување

или престанок на членувањето задолжително се враќа

Член 13

Со потпишување на пристапницата членот го прифаќа Статутот на Здружението

Пристапницата ги содржи основните лични податоци за членот, неговата адреса, број на телефон или друг начин за контакт.

Член 14

Загарантирана е анонимноста на личните податоци на членовите кои тоа го бараат

ОДРЕДБИ ЗА ЧЛЕНСТВО

Член 15

Здружението за своите членови води регистар кој се ажурира еднаш годишно.

Член 16

Здружнието во својот состав може да има и колективни членки, колективен член може да биде секоја асоцијација, работен колектив или здружение кои ги исполнуваат условите од член 1 на овој Статут и ги прифаќаат Статутот и програмата на Здружението.

Член 17

Освен редовни членови,во Здружението може да членуваат и почесни членови се исти

права и обврски. Почесно членство им се доделува на истакнати општествени личности, научни, културно – уметничкии други дејци и заслужните за развивање на меѓународна соработка и пријателство.

Почесен член може да биде државјанин на Република Македонија или странски државјанин.

По предлог на Управниот одбор почесното членство го прогласува Собранието

ПРАВА И ОБВРСКИ НА ЧЛЕНОВИТЕ

Член 18

Членовите на Здружението ги имаат следниве права

  • Рамноправно да учествуваат во работата на Здружението
  • Да предлагаат решенија од заеднички интереси
  • Да ги усогласуваат своите ставови со другите членови
  • Да избираат и да бидат избрани во органите на Здружението
  • Да даваат предлози и забелешки за работата на органите и телата на Здружението во писмена форма до органите на управување на Здружението
  • Да ги изнесуваат проблемите при своето делување и работа преку органите на Здружението и да бараат соодветна помош и толкување
  • Да превземаат мерки и активности заради остварување на целите и задачите на Здружението, да користат други права и да вршат други должности кои им припаѓаат врз основа на овој Статут и другите општи акти
  • Да ги користат благодетите на Здружението
  • Да имаат увид во работењето на Здружението, вклучувајќи го и материјално финансиското

Обврски на членовите се:

  • Да плаќаат членарина
  • Да ги спроведуваат во живот одредбите од овој Статут
  • Да присуствуваат на состаноци
  • Да дејствуваат во насока на остварување на целите и задачите на Здружението

ПОВЛЕКУВАЊЕ, ИСКЛУЧУВАЊЕ ВРАЌАЊЕ НА ЧЛЕНСТВО

Член 19

Членството престанува со доброволното истапување на членот и бришење од евиденцијата поради неактивност.

Член 20

Ако одделен член со своето делување не ги остварува утврдените работи и задачи за кои е зачленет во здружението, надлежниот орган мора да го предупреди за недостатоците во работата

Член 21

Ако членот и по упатеното предупредување продолжи со работење спротивно на одредбите од овој Статут истиот ќе биде избришан од членството на Здружението

Член 22

Одлуката за бришење од Регистарот и за исклучување од Здружението ја донесува Управниот одбор, со право на членот (доколку е и основач на Здружението) да поднесе жалба во рок од 15 (петнаесет) дена до собранието, чија одлука е конечна

АДМИНИСТРАТИВНИ ОРГАНИ

Член 23

Административни органи на Здружението се:

  • Собрание
  • Управен одбор
  • Претседател

Собрание

Член 24

Собранието е највисок орган на здружението и во него членуваат сите членови на Здружението.

Член 25

Собранието се состанува најмалку еднаш годишно, на состанок кој го свикува Претседателот на Собранието или Управниот одбор. Сите состаноци на Собранието се јавни и на истите се води записник, освен ако Собранието се согласило да донесе одлука во врска со некое специфично прашање преку тајно гласање.

Член 26

Надлежности на Собранието се:

  • го донесува, го спроведува и менува статутот;
  • усвојува годишен извештај и финансиски извештаи;
  • донесува деловник за својата работа;
  • усвојува годишен финансиски план и завршна сметка, вклучувајќи ги и стапките на членарина;
  • ги утврдува целите и задачите на здружението;
  • го одобрува членството во други здруженија, асоцијации и меѓународни асоцијации;
  • ги утврдува критериумите за прием на нови членови и одлучува за престанок на членство, како и за сите исклучувања од членство од втор степен;
  • одлучува за формирањето на комисии и други органи во рамките на Здружението;
  • одлучува за формирање на трговско друштво;
  • одлучува по жалби во врска со случаи на кршење на статутарни одредби;
  • констатира прием на нови членови и престанок на членувањето;
  • организира и одржува избори на секои две години за избирање на:

– Претседател на Собранието и на Здружението;

– Членови на Управниот одбор

– Членови на Надзорен одбор

  • го разгледува и усвојува извештајот на Управниот одбор
  • донесува одлуки и заклучоци и препораки за прашања од животот и работата на Здружението
  • донесува одлука и критериуми за доделување на признанија
  • донесува одлука со двотретинско мнозинство за престанок на Здружението одлучува по жалби
  • одлучува по други прашања од интерес на Здружението
  • врши други работи предвидени со Закон.

Член 27

Седници на редовно Собрание свикува и нив ги води Претседателот на Собранието кој е истовремено и Претседател на Управниот одбор на Здружението.

Член 28

Во случај на неговото отсуство седниците ги води Потпретседателот на Здружението

Член 29

Вонредна седница на Собранието ја свикува Претседателот на Собранието по сопствена

иницијативало предлог на Управниот одбор или по писмено барање на една третина од

членовите на здружението.

Вонредната седница на собранието се одржува најдоцна во рок од 30 дена од денот на

поднесување на барањето за одржување.

Член 30

Ако Претседателот на собранието во рок од 14 дена на дадениот предлог не ја свика

седницата,неаја свикува Управниот одбор или иницијаторите на Собранието

Начинот на свикување на седниците на Собранието на Здружението се определува со

деловникот за работа на Собранието

Член 31

Собранието полноважно одлучува ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот

број на членови.

Собранието одлуките по правило ги донесува со мнозинство глзсови од присутните

членови.

Одлуките се донесуваат со јавно гласање а собранието може да одлучи за тајно гласање.

Член 32

Собранието на Здружението врз основа на предлог листата за кандидати, поднесена од

Претседателот, со гласање врши избор на членови на Управниот одбор.

Управен одбор

Член 33

Управниот одбор е извршен орган на Здружението,и се состои од 7 членови избрани од

составот на собранието.

Член 34

Секој член на одборот има еднакви права,обврски и одговорности за работењето и

развојот на Здружението.

Мандатот на членовите на Управниот одбор трае две години.

Управниот одбор од свои редови избира потпретседател кој го заменува Претседателот

во негово отсуство

Член 35

Надлежности на Управниот одбор се:

  • ги спроведува статутарните и програмските задачи, одлуките и заклучоците на

Здружението

  • донесува и реализира годишна програма за работа на Здружението и ја усогласува со двегодишната програма
  • се грижи за извршување на своите одлуки на Собранието
  • од своите редови избира Подретседател
  • именува и разрешува секретар и благајник на Здружението
  • донесува одлуки за награди, пофалници и признанија
  • донесува одлуки за формирање на комиссии и други тела и ја насочува нивната работа
  • организира средби, семинари и советувања
  • донесува одлука за зачленување на нови членови во Здружението
  • предлага измени и дополнувања на Статутот
  • донесува соодветни Правилници, прифаќа спогодби и склучува договори од овој домен
  • свикува седници на Собранието и подготвува материјали како и го утврдува дневниот ред на состаноците на Здружението
  • донесува одлуки за набавка и отгуѓување на основните средства за работа на Здружението, за печатење на стручна литература и за други потреби
  • формира стручни служби на Здружението и ги утврдува условите за извршување на работните задачи во службата
  • одлучува за престанок на членување
  • донесува одлука за здружување на Здружението со домашни и странски Здруженија
  • во согласност со Статутарните определби
  • води меѓународна соработка од разни дејности
  • донесува одлука за основање на Трговско друштво
  • одлучува за висината на членарината
  • одлучува по жалби и приговори поднесени од членовите или органите на Здружението
  • донесува други одлуки од тековно работење на Здружението (во согласност со Законот)
  • врши други работи предвидени со Статутот

Член 36

Седниците на Управниот одбор се свикуваат по потреба а најмалку еднаш на три месеци.

Доколку Управниот одбор не одржи седница подолго од три месеци, заради несвикување

од страна на Претседателот или заради немање кворум за одлучување, тоа го задолжува

Претседателот на Здружението во рок од 15 дена од денот на дадениот предлог да свика седница заради разгледување на сознанијата

Член 37

Управниот одбор за својата работа е одговорен пред Собранието на Здружението.

Седницата на Управниот одбор ја свикува Претседателот, а во негово отсуство Секретарот на Здружението.

Предлог за свикување на Управниот одбор може да поднесе една третина од членовите

на Собранието, една половина од членовите на Управниот одбор и Надзорната комисија како и Секретарот на Здружението.

Начинот на свикување на седницата и работењето на Управниот одбор се уредува со Деловник за работа на Собранието

Член 38

Управниот одбор, работи и одлучува на седници и притоа се води Зависник.

Управниот одбор одлучува полноважно ако на седницата присуствуваат повеќе од

половина од членовите.

Одлуките на Управниот одбор се донесуваат со мнозинство гласови од присутните

членови.

Одлуките по правило се донесуваат сојавно гласање.

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Член 39

Мандатот на Претседателот на Здружението трае 4 години.

Член 40

Претседателот ги извршува следните работи

  • раководи со седниците на Собранието и Управниот одбор
  • ги потпишува актите донесени на Собранието и Управниот одбор
  • се грижи за извршувањето на одлуките донесени во органите на Здружението
  • потписник е на жиро сметката на Здружението
  • врши други работи предвидени со овој Статут и други општи акти на Здружението,како и сите протоколарни и информативни контакти
  • за својата работа одговара пред Собранието

ТЕЛА, ОРГАНИ И ФУНКЦИИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Надзорен одбор

Член 41

Надзорниот одбор на Здружението се состои од три члена кои ги избира Собранието на Здружението

Членовите на Надзорниот одбор не можат да бидат членови на други органи и тела на

Здружението,

Мандатот на членовите на Надзорниот одбор трае две години. Членовите на на ова тело

на првата седница, од свои редови избираат Претседател на Надзорниот одбор.

Член 42

Надзорниот одбор ги извршува следните задачи:

За својата работа Надзорниот одбор поднесува извештај до Собранието и Управниот

одбор.

  • врши контрола врз примената на статутарните одредби
  • одговара за наменско располагање со материјалните средства

За својата работа Надзорниот одбор поднесува извештај до Собранието и Управниот одбор, еднашгодишно

СЕКРЕТАР НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 43

Секретарот на здружението ги врши административните, стручните, финансиските,

техничките и организационо-кадровските работи, му помага на Претседателот на

Здружението во водењето на седниците.

За извршувањето на овие работи може да се формира стручна служба која е уредена со посебен акт.

Секретарот го води Записникот од седниците на Собранието и Управниот одбор на Здружението, прима пошта, го чува печатот и штембилот, води сметка за нивната

правилна употреба и да не се злоупотребуваат податоците од пристапниците што му се

доверени на чување.

Еден е од потписниците на жиро сметката а врши и други ургентни работи во

Здружението.

Член 44

Секретарот одговара за својата работа пред Управниот одбор и трошоците што ќе ги

направи со своето работење се третираат како материјални трошоци на Здружението.

ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА

Член 45

Работата на Здружението е јавна.

Јавноста во работењето кон своите членови Здужението ги остварува преку редовни

состаноци на кои органите и телата поднесуваат извештаи за работењето во чие разгледување рамноправно учествуваат сите членови.

Јавноста кон своите симпатизери и пошироката заедница Здружението ја остварува преку писмени информации во медиумите, конференциите за печат, сопствени публикации и други информативни гласила, настапи на електронските медиуми, повикување на средствата за информирање на седниците и состаноците од кои можат самостојно да информираат, отворени манифестации достапни за пошироката јавност и други облици на информирање.

ФИНАНСИРАЊЕ

Член 46

Здружението за остварување на целите и задачите за работите наведени во овој Статут

стекнува средства на следниов начин.

  • од членарина
  • од донации
  • од спонзорства
  • од трговски друштва
  • од издавачка дејност
  • од други извори на средства, согласно со Закон

Користењето и располагањето со средствата на Здружението добиени на начини наведени во овој член се врши со Закон и Статут на Здружението.

Средствата се расподелуваат и утврдуваат со финансискиот план на Здружението кој го

донесува Собранието

Член 47

Здружението донесува годишен финансиски план за приходи и расходи со кој се утврдуваат:

Приходите:

  • од членарината.
  • од донациите
  • од спонзорствата
  • од трговските друштва
  • од издзвзчката дејност
  • од други средства, врз основз на изготвена, понудена програма (проект)

Расходите:

  • за активностите на Здружението
  • за материјалните трошоци во работата
  • за издавачка дејност
  • на наменски фондови
  • за плати на вработените
  • за заедничка потрочувачка на вработените
  • за други расходи сврзани со работата на Здружението

Член 48

Здружението има своја жиро-сметка

ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАНЈЕ НА СТАТУТОТ

Член 49

Измените и дополнувањата на Статутот се вршат во постапка предвидена со овој Статут.

Иницијатива за измени и дополнувања на овој Статут можат да поднесат органите на

Здружението, Комисиите и група на членови на Здружението но не помала од една

третина од севкупниот број на членови.

Измените и дополнувањата ги утврдува Управниот одбор со мнозинство гласови од

вкупниот состав на Управниот одбор а одлуката за измена и дополнување на Статутот ја спроведува Собранието на Здружението.

ПРЕСТАНОК НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 50

Здружението престанува со работа во следниве случаи:

  • Ако е донесена одлука за тоа на Собранието на Здружението со двотретинско мнозинство
  • Ако не се остваруваат целите и задачите за кои е формирано Здружението
  • Ако настапат причини утврдени со член 52 од Законот за Здуженија и Фондации

Член 51

Претседателот е должен за околностите од став 1 од член 57 да го извести Основниот Суд Скопје 2 Скопје во рок од 15 дена по нивно настанување.

Во случај на престанок на работата на Здружението по подмирувањето на обврските

имотот и средствата на Здружението ќе се отстапат на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

ХII ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 52

Измени и дополнувања на овој Статут се вршат по иста постапка како и за неговото

донесување

Член 53

Толкувањето на одредбите од овој Статут го дава Собранието (Собранискиот одбор)

Член 54

Овој Статут влегува во сила на денот на неговото донесување, а ќе се применува од денот на запишувањето во надлежниот регистар.

Здружение за истражувања, анализи и

развој ЗЕЛЕНА ЛУПА Скопје

Претседател

Катарина Митева

Здружение за истражувања, анализи и развој ЗЕЛЕНА ЛУПА Скопје ја подржува волонтерската работа и истата нуди можност за вклучување на волонтери и граѓани од целните групи, адвокати, експерти, студенти и други млади лица. При вклучување на волонтери во нашите активности го подобруваме и подржуваме квалитетот на нашата работа, а истовремено го промовираме волонтереството како општествената одговорност во заедницата.

Вашето знаење и вештини ни значат!

Волонтирај – контактирајте не на info@zelenalupa.mk

Организациска структура

Извршна канцеларија

Статут

Волонтирај

Scroll Up