Сите заедно на патот кон правдата

2016/ –  Финансиран од Цивика Мобилитас

Во 2016 година, Зелена Лупа – заедно со Транспарентност Интернационал – Македонија започнаа со имплементација на проектот “Сите заедно на патот кон правдата” поддржана од програмата на Цивица Мобилитас. Целта на овој проект беше да се лоцираат системските слабости на македонскиот правосуден систем преку конретни примери. Од страна на независни експерти беше направена анализа на 12 правосилни судски пресуди. Во анализите беа пронајдени сериозни пропусти во водењата на кривичните постапки и непочитување на материјалното право, односно пресудите за кривични дела не беа темелени на доволен број на докази. Освен овие недоследности и пропусти, беше лоцирано дека изрекуваните затворски казни се блиски до максималните предвидени казни, што не коренспондира со основните постулати на кривичното право. На пресконференција, од страна на Транспаренски Интернешнал и Зелена лупа беше отворено прашањето од потребата за носење на законот за амнестија https://daily.mk/what/6889092/gragjanite-baraat-pravda-stop-za-nepravdite. Од страна на Зелена лупа беше изработен текст на предлог законот за амнестија и истиот беше доставен до Министерство за правда. После јавна дебата и одредени промени на текстот, Законот беше изгласан во Собрание на РМ: https://www.pravdiko.mk/izglasan-zakonot-za-amnestija-670-osudenitsi-ke-izlezat-od-zatvor/.  Како резултат од овој проект беше издадена и книга – Под лупа, во која што се објавени сите 12 анализи. Од страна на проектот е направен и извештај за слабостите на правосудниот систем. На крајот од овој проект беше реализирана финална конференција на која беше презентирана публикација(136 страници), беа презентирани наодите од извештаите,закључоците и препораките за можни законски измени.