Судењето во разумен рок е загарантирано право. АЈДЕ ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ!

2017/2018година –  Финансиран од Амбасада на Кралство Холандија

Во месец Јули 2017 -та година, Зелена Лупа започна со реализација на проектот Судењето во разумен рок е загарантирано право. АЈДЕ ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ, кој што е Финансиран од Холандска Амбасада. Предолгото траење на судските постапки е главниот проблем во Р.С.М. и истиот е нотиран во официјалниот извештај на Европската Унија. На непочитувањето на судењето во разумен рок се укажува и во голем број на пресуди од Судот за човекови права во Стразбург. По обрајќањето на голем број на граѓани засегнати од овој проблем во нашето здружение, Зелена Лупа поднесе 50 пријави за повреда на правото за судење во разумен рок. Од 50 поднесени барања прифатенисе 40 и само 2 се одбиени бидејки 3 до 4 години траење на постапка од работен спор не било долг рок и покрај тоа што со закон е предвидено таков спор да се реши во рок од 6 месе. До Врховен суд, освен 50-те барања за судење во разумен рок поднесени преку Зелена лупа, досега се поднесени и 234 брања од граѓани кои се информирале преку активностите на проектот, а во канцелариите досега пројваиле интерес за информации и упатување уште 126 граѓани.