Што е тоа во кое што се разбираат судијата Шабани..

ДАЛИ СУДИЈАТА ШАБАНИ СЕ ДОГОВОРИЛ СО ОСУДЕНИОТ ГРУЕВСКИ, СУДЕЊЕТО ДА СЕ ОДЛОЖИ ЗА 2 ДЕНА ?!

11 Ноември 2018

На 24.10.2018 од мониторингот на Зелена Лупа, беше објавено дел од рочиштето за случајот “Титаник” а беше со наслов: “ШТО Е ТОА ВО КОЕ ШТО СЕ РАЗБИРААТ СУДИЈАТА ШАБАНИ И ОБВИНЕТИОТ ГРУЕВСКИ? На истото рочиште, Судијата Осман Шабани место казна за честите доцнења на обвинетиот Никола Груевски, истиот му се обрати со зборовите “Мислам се разбираме нели”. После сето ова, станува сомнително КАКО ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНД СЕ МЕНУВА ДАТАТА НА РОЧИШТЕ НА КОЕ ТРЕБА НА ОСУДЕНИОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ ДА МУ СЕ ВРАЧИ УПАТЕН АКТ ЗА ВО ЗАТВОР.

Постои сомневање дека, постои некаков договор, со цел да му се помогне на Груевски во некое противзаконско дејствие. ОПРАВДУВАЊЕТО ДЕКА РОЧИШТЕТО СЕ ОДЛАГА ПОРАДИ ТОА ШТО НЕМАЛО СЛОБОДНА СУДНИЦА НЕ ДРЖИ ВОДА, БИДЕЈЌИ: Случајот “Монструм” на минатото рочиште кое беше на 26.10.2018, Судскиот совет во кој е и Судијата Осман Шабани а претседател на Советот е Судијата Огнен Ставрев ,веќе дадоа термин за следното закажано рочиште на 12.11.2018 . Судијата Шабани иако го знаеше терминот кој е одреден за овој случај, истиот тој на дата 05.11.2018 за случајот “Титаник” ја одредува истата дата 12.11.2018.

 

ЗЕЛЕНА ЛУПА ИНФОРМИРА А ЈАВНОСТА НЕКА ЦЕНИ.