Случај “ТАРГЕТ – ТВРДИНА”

“ТЕАТАР ВО СУДНИЦА, ОБВИНЕТИОТ САШО МИЈАЛКОВ СО ОБВИНУВАЧКИ ПРАШАЊА КОН СВЕДОКОТ КОСТОВСКИ”

Денешното рочиште за случајот “ТАРГЕТ – ТВРДИНА” кој го води Судијката Џенета Бектовиќ а застапник на обвинението е СЈО, започна на време.
Сите странки пристигнаа на време, вклучувајќи ги и обвинетите Сашо Мијалков спроведен од куќен притвор и обвинетиот Тони Јакимовски спроведен од Затвор Куманово до Кривичниот суд.

Одбраната вкрстено го испитуваше сведокот Звонко Костовски.

Обвинетите му поставуваа прашања за маркирачите, репродуцерите и начинот на кој им се доделувале кориснички сметки, па се до работното место и личното познавање со сведокот.

При вкрстеното испрашување на овој сведок од страна на одбраната можеме да кажеме дека голем дел од прашањата на обвинетите беа директно поставувани, што е спротивно на постапката.
Судот но и обвинителите од СЈО не реагираа на тоа и поголемиот дел и прашањата беа дозволени.

Беа дадени 2 кратки паузи од по 10 минути, едната по барање на обвинетиот Сашо Мијалков бидејќи како што кажа и самиот имал многу прашања за овој сведок.

Судијата Владимир Туфегџиќ во неколку наврати им посочуваше на обвинетите да поставуваат конкретни прашања а не од гледна точка на нивни констатации.

На ова реагираа и адвокатите на одбраната но на МНОГУ ВИСОК ТОН се обратија кон судот и му упаѓаа во зборовите.
Судијата Туфегџиќ им возврати со зборовите :
– “Малку со посмирен тон, испочитувајте кога друг има збор”.

Обвинетиот Сашо Мијалков најдолго го испрашување сведокот Костовски.

Речиси со сите прашања на обвинетиот Мијалков се добиваше впечаток дека СВЕДОКОТ Е ОБВИНЕТ?!

Во судницата често имаше смеа, дофрлања од одбраната, па во еден момент адвокатот Петар Василев се обиде да му сугерира на обвинетиот Мијалков во дополнување на вкрстеното прашање на што обвинетиот му се обрати со зборовите :
– “Абе седи”, и со раката ставена на рамото воопшто не му дозволи да стане.

Повеќето од прашањата на обвинетиот Мијалков беа ОБВИНУВАЧКИ за сведокот, и во улога на адвокат обвинетиот со повисок тон му се обраќаше на сведокот со зборовите :
– “Одговори со да или не”
А по добиениот одговор од сведокот извикуваше:
– “Продолжуваме”
– “Одиме понатаму”

Обвинетиот Мијалков го испрашуваше сведокот за формирањето на комисии и работни групи, потоа за ингеренции на директорот на УБК, за да на крај му постави прашање како може тој како вработен многу години да не биде запознаен со тие податоци.
Сведокот Костовски му одговори дека тој што бил директор, тој треба да си ги знае ингеренциите.

На самиот крај од денешното вкрстено испрашување обвинетиот Мијалков го праша директно сведокот Костовски дали за се тоа што го изјавува има материјални докази, на што сведокот одговори :
– “Да не ги уништевте доказите, денес ќе ги имавме”.

Обвинетиот Мијалков возврати со зборовите :
– ” Вие сведочите врз база на рекла-казала”

Во судницата за време на целото рочиште имаше многу опуштена ситуација, па така во еден момент сите се смеат, меѓусебно комуницираат, сведокот” го прават обвинет”, се дозволуваа многу прашања кои беа со цел да се деградира сведокот и неговата изјава да биде доведена во сомнеж.

Судијката Џенета Бектовиќ пред самиот крај му се обрати на обвинетиот Мијалков додека го испрашуваше сведокот со зборовите :
– ” Не е он обвинет”

Од секојдневниот мониторинг на Зелена Лупа многу често информираме за непочитувањето на обвинетите кон судот и самата тековна расправа.

Мобилните телефони сеуште им се дозволуваат да ги користат за време на рочиштето каде истите се во својство на обвинети и во нивна корист е да го следат со внимание тековното рочиште.
Па така и на денешната расправа обвинетата Гордана Јанкулоска која седи пред самите судии БЕЗ ПРОБЛЕМ го користеше својот мобилен телефон и за истото не беше опомената.

Исклучок е Судијата Осман Шабани кој до сега многу успешно ги води рочиштата посебно во случајот “Титаник” за кој често информиравме за проблемот со мобилните телефони, по што следеше и одземање на телефоните за време на тековните рочишта, а со тоа се воведе и ред во судницата.

Зелена Лупа ги охрабрува Судиите да превземат вакви чекори, се со цел да има ред во судниците и почит кон Судот, а доколку се продолжи со непочитување кон судот истото да биде превземено со мерките кои се препишани а се во согласност со законот.

На следното рочиште кое е закажано за 11.06.2019 со почеток во 10 часот, обвинетиот Сашо Мијалков ќе продолжи со вкрстеното испрашување и ќе биде повикан сведокот Сашо Трајковски предложен од обвинителството.