All Posts by admin

About the Author

Ајде да спасиме судбини

Реализирани проекти

Ајде да спасиме судбини

Август – Ноември 2016/  –  Финансиран од Цивика Мобилитас

Зелена лупа започна со реализација на проектот – акцијата Ајде да спасиме судбини, кој што беше финансиран од програмата на Цивика мобилитас со времетраење од 4 месеци. Акцијата се однесуваше на кревање на свеста кај судиите со цел намалување на степенот на злоупотреби при изрекување на меркта притвор. За време на акцијата беа организирани 4 пресконференции, 2 гостувања на националните телевизии и за потребите на истата беше спроведена ФБ кампања. Од страна на Зелена лупа беа поднесени 20 барања за замена на притворот со друга алтернативна мерка. По завршувањето на акцијата, бројот на притворени лица од јули 2016 кој беше 278, се намали на 188 во месец ноември 2016.

Сите заедно на патот кон правдата

Реализирани проекти

Сите заедно на патот кон правдата

2016/ –  Финансиран од Цивика Мобилитас

Во 2016 година, Зелена Лупа – заедно со Транспарентност Интернационал – Македонија започнаа со имплементација на проектот “Сите заедно на патот кон правдата” поддржана од програмата на Цивица Мобилитас. Целта на овој проект беше да се лоцираат системските слабости на македонскиот правосуден систем преку конретни примери. Од страна на независни експерти беше направена анализа на 12 правосилни судски пресуди. Во анализите беа пронајдени сериозни пропусти во водењата на кривичните постапки и непочитување на материјалното право, односно пресудите за кривични дела не беа темелени на доволен број на докази. Освен овие недоследности и пропусти, беше лоцирано дека изрекуваните затворски казни се блиски до максималните предвидени казни, што не коренспондира со основните постулати на кривичното право. На пресконференција, од страна на Транспаренски Интернешнал и Зелена лупа беше отворено прашањето од потребата за носење на законот за амнестија https://daily.mk/what/6889092/gragjanite-baraat-pravda-stop-za-nepravdite. Од страна на Зелена лупа беше изработен текст на предлог законот за амнестија и истиот беше доставен до Министерство за правда. После јавна дебата и одредени промени на текстот, Законот беше изгласан во Собрание на РМ: https://www.pravdiko.mk/izglasan-zakonot-za-amnestija-670-osudenitsi-ke-izlezat-od-zatvor/.  Како резултат од овој проект беше издадена и книга – Под лупа, во која што се објавени сите 12 анализи. Од страна на проектот е направен и извештај за слабостите на правосудниот систем. На крајот од овој проект беше реализирана финална конференција на која беше презентирана публикација(136 страници), беа презентирани наодите од извештаите,закључоците и препораките за можни законски измени.

Да ја вратиме довербата во Судовите – ПРАВДА ЗА СЕКОГО

Реализирани проекти

Да ја вратиме довербата во Судовите – ПРАВДА ЗА СЕКОГО

2017/ 12 месеци –  Финансиран од Цивика Мобилитас

Во месец мај 2017 година, Зелена Лупа започна со реализација на проектот “Да ја вратиме довербата во Судовите – ПРАВДА ЗА СЕКОГО” спонзориран од Цивика Мобилитас. Општа цел, Зголемување на довербата во судството и афирмирање на механизмот – можноста за поднесување на иницијативи за одговорност на судии до Советот за утврдување на факти и одговорност на судии и до Судски совет на РСМ. Беа поднесени 50 иницијативи до Советот за утврдување на факти за одговорност на судии. По укинување на Советот за утврдување на факти и одговорност на судии надлежноста ја презеде Судскиот Совет кој досега покрена  постапка за одговорност против 8 судии од кои тројца судии се разрешени меѓу кој и претседателот на Врховниот суд, за другите судии сеуште не е свикана седница,отфрлени се постапките против16 судии а за останатите иницијативи немаме одговор ипосле 2 години а тоа кажува колку е одговорен Судскиот Совет.  Проектот ја крена свеста кај граѓаните и започна процес во кој што граѓаните сами поднесуваат иницијативи за одговорност на судии во постапки каде сметаат дека се неправедно осудени.

Судењето во разумен рок е загарантирано право. АЈДЕ ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ

Реализирани проекти

Судењето во разумен рок е загарантирано право. АЈДЕ ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ!

2017/2018година –  Финансиран од Амбасада на Кралство Холандија

Во месец Јули 2017 -та година, Зелена Лупа започна со реализација на проектот Судењето во разумен рок е загарантирано право. АЈДЕ ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ, кој што е Финансиран од Холандска Амбасада. Предолгото траење на судските постапки е главниот проблем во Р.С.М. и истиот е нотиран во официјалниот извештај на Европската Унија. На непочитувањето на судењето во разумен рок се укажува и во голем број на пресуди од Судот за човекови права во Стразбург. По обрајќањето на голем број на граѓани засегнати од овој проблем во нашето здружение, Зелена Лупа поднесе 50 пријави за повреда на правото за судење во разумен рок. Од 50 поднесени барања прифатенисе 40 и само 2 се одбиени бидејки 3 до 4 години траење на постапка од работен спор не било долг рок и покрај тоа што со закон е предвидено таков спор да се реши во рок од 6 месе. До Врховен суд, освен 50-те барања за судење во разумен рок поднесени преку Зелена лупа, досега се поднесени и 234 брања од граѓани кои се информирале преку активностите на проектот, а во канцелариите досега пројваиле интерес за информации и упатување уште 126 граѓани.

Анализа на можностите за подобрување на одржливоста на затворите и градење на систем за ресоцијализација на затворениците

Реализирани проекти

Анализа на можностите за подобрување на одржливоста на затворите и градење на систем за ресоцијализација на затворениците

– финансиран од Влада на Р.С.Македонија

Зелена лупа потпиша договор со Генералниот секретаријат на Влада на РМ и доби материјални средства да спроведе истражување во текот на 2018 година – за утврдување на можностите за подобрување на одржливоста на економиите во затворите. и истражување на можносите за програми за ресоцијализација на затворениците. Согласно овој договор, Зелена лупа доби овластување од Управата за извршување на санкции за посета на затворите и лоцирање на состојбите. Зелена лупа изготви препорака до Влада на Р.С.Македонија во која беше споменат законот за пробација и од хитните потреби за отварање пробациски канцеларии низ сите градови во државата за што побрзо отпочнување со примената на законот и намалување на пренатрупаноста на затворите.

Медиуми

Медиуми